вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

ДВЕ ПОЛИЦИСКИ АКЦИИ ВЕЧЕРВА ЈА ТРЕСАТ МАКЕДОНИЈА – МВР влезе во овие места за да заплени големо количество на дрога

ДВЕ ПОЛИЦИСКИ АКЦИИ ВЕЧЕРВА ЈА ТРЕСАТ МАКЕДОНИЈА – МВР влезе во овие места за да заплени големо количество на дрога

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва информираше дека во тек е голема полициска акција во Ресен и Струмица.

-Најавувам дека во моментот течат две акции на заплена на поголема количина дрога во Ресен и Струмица. Ова ја покажува решителноста на ова раководство на МВР во сузбивањето на недозволената трговија со дрога, објави Спасовски.

Според него, добрата стратешка поставеност на министерството донесе солидни резултати, а државата е позиционирана како кредибилен фактор во борбата против недозволената трговија со наркотици.