петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ДВЕ ЖЕНСКИ ТЕПАЧКИ НА БАДНИК: Едни се пресметале во казино, други во влез од зграда

ДВЕ ЖЕНСКИ ТЕПАЧКИ НА БАДНИК: Едни се пресметале во казино, други во влез од зграда

Во казино на улицата „Димитрие Чуповски“ во Скопје вчера во 16:30 часот било пријавено дека по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу 42-годишната Г.Т. од Кавадарци и 23-годишната Т.Т. од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.

Скопјанка (30) која е со привремен престој во Струга во полиција пријавила дека околу во влез од зграда во Струга била физички нападната од Г.М. од Струга (женско лице).

Се работи на расчистување на случајот.