петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Единаесет лица повредени откако автобус излета од патот Битола-Прилеп

Единаесет лица повредени откако автобус излета од патот Битола-Прилеп

На 22.02.2023 во 22.47 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Прилеп, автобус „фолксваген крафтер“ со битолски регистарски ознаки, управуван од М.А.(50) од Битола, излетал од коловозот.-

-Е.Г.(38) од с.Лопатица, битолско, се здобила со тешки телесни повреди, додека Р.Н.С.(31), И.Љ.(38) од с.Лопатица, Т.С.(50), М.О.(31), А.М.(22), В.Т.(40), В.С.(27) од с.Лисолај, Н.С.(45), Т.Л.(20) од с.Кукуречани, Д.В.(54) од с.Крклино, битолско, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, информира МВР.

Увид извршила екипа на СВР Битола.