недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Едно лице не го почитувало полицискиот час во Кичево

Едно лице не го почитувало полицискиот час во Кичево

Безбедносната состојба во Кичево и околината е стабилна.

Од СВР – Охрид во периодот од 19 часот на 18 април до 07 часот на 19 април едно лице во Кичево ја прекршил забраната за движење за време на полицискиот час.

– Против него, ќе биде поднесена кривична пријави во согласност со член 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информира портпаролот на СВР – Охрид, Стефан Димоски.

Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и други казнени дела.

Димовски истакна дека непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација.

Извршени се 181 контроли врз лица во самоизолација од кои 26 во Кичево.

Полициските службеници извршија и 77 контроли на угостителски објекти.