среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Едно лице почина во пожарот кај Рамстор

Едно лице почина во пожарот кај Рамстор

Едно лице е починато во пожарот во објектот зад трговскиот центар „Рамстор“ на улицата „Јордан Мијалков“, соопшти Министерството за здравство.

Починатото лице е мажот кој во моментот кога избил пожарот, остана заробено во продавницата за гуми. И покрај обидите да го извлечат, пожарникарите не успеале во тоа.

Во пожарот едно лице било полесно повредено и како што велат од Министерството по укажаната помош на Брзата помош било пуштено дома.