сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Едно лице тешко повредено во сообраќајка во Скопје

Едно лице тешко повредено во сообраќајка во Скопје

Сопатник бил тешко повреден во една од вкупно девет сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден. Во три сообраќајки полесно биле повредени шест лица, а во пет била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 57 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, осум возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престигнување, еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, четворица возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата, осум возачи за не носење појас и 23 возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторното возило.

Санкционирани биле и осум пешаци кои поминале крстосница на црвено светло.

Од сообраќај биле исклучени вкупно 11 возачи, од кои четри возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, пет возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи почетници, како и шест нерегистрирани возила.

Затекнати биле 85 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 71 возило.

МИА