На 21.06.2020 во 13:40 часот во СВР Штип, З.Ѓ.(56) од Штип пријавил дека при рушење на стар објект на ул.„Христо Ботев“ во Штип пронашол неактивирана експлозивна направа од Првата Светска војна и стара боева муниција со различен калибар од турско производство.
Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување-Штип пронајдената експлозивна направа и муниција се подигнати за понатамошна постапка.