петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Експлозивна направа од Втората светска војна пронајдена кај патот Делчево – Штип

Експлозивна направа од Втората светска војна пронајдена кај патот Делчево – Штип

На 11.08.2021 околу 11.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во близина на патот Делчево – Штип, на место викано „Маџирски ниви”, при изведување на градежни работи, Ј.И.(56) од с.Грдовци, кочанско, пронашол експлозивна направа од Втората светска војна.

Експлозивната направа била подигната од вработен во Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.