понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Фатен бегалец од затвор, ќе биде спроведен во КПУ Идризово

Фатен бегалец од затвор, ќе биде спроведен во КПУ Идризово

Денеска (27.04.2023) во 14:15 часот на бул.„Војводина“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Е.Д.(43) од Гостивар, со живеалиште во Скопје.

Тој бил осуден на 15 години казна затвор за сторени кривични дела по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.