На 13.06.2022 во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Б.П.(35) од Охрид. Тој, претходно на улицата „Пере Тошев“ во Охрид бил затекнат при кражба од патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на К.Ј.(36) од Охрид.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.