недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Фатен крадец од Виница, расчистени 12 кривични дела

Фатен крадец од Виница, расчистени 12 кривични дела

На 08.07.2022 полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Виница, по преземени мерки и активности, расчистија 12 кривични дела, од кои 10 тешки кражби сторени во цркви, една тешка кражба во продажен објект и едно одземање на моторно возило извршени на подрачјето на ОВР Виница во претходниот период.

Притоа, во полициска станица е извршен службен разговор со Е.А.(20) од Виница, кој непријавено престојувал во Кочани, при што Е.А. ги признал делата и го појаснил начинот на кој ги извршил.

По документирање на случајот против него ќе бидат изготвени соодветни кривични пријави.