Шеесет и шест годишниот Н.К. од Албанија на граничниот премин „Св.Наум“ бил фатен при обид да прошверцува 14 килограми охридска белвица.
-Вчера во 13.00 часот при преглед врз патничко моторно возило „мерцедес“ со албански регистарски ознаки, управувано од Н.К.(66) од Албанија, во делот наменет за резервно тркало, биле пронајдени 14 кг (160 парчиња) риба – охридска белвица без соодветна документација, информира МВР.
Тој бил приведен во Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Св.Наум“ и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.