четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Фатени лица кои вршеле превоз без лиценца во Дебар

Фатени лица кои вршеле превоз без лиценца во Дебар

На 18.04.2022, при извршени контроли во патниот сообраќај, полициските службеници на ул.„8 Септември“ во Дебар сопреле патничко возило „форд турнео“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.С.(43) од Гостивар.

Притоа, констатирале дека тој врши јавен превоз на патници без соодветна документација за вршење јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај.

Истиот ден, полициските службеници, при нелегален транспорт на патници и без поставена сигнална табла која означува возило за такси превоз, го затекнале и Е.Б.(57) од Дебар, кој со возило „опел вектра“, вршел такси превоз без лиценца за вршење таква дејност, издадена од надлежен државен орган. Против возачите, ќе биде поднесена соодветна пријава.