Пешак се здобил со телесни повреди откако вчера вечерта во него удрил автомобил „голф“ со скопски регистарски таблички управуван од 66-годишен возач од Скопје со иницијали М.Д., информираат од МВР за КУРИР.
Несреќата се случила во 22 часот на улицата „Цветан Димов“, а повредениот 20- годишен пешак Е.Б. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата извршила увид, а сообраќајот бил пренасочен додека траел истиот.