среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО: Приведен надрилекар во гостиварско Врапчиште

ФОТО: Приведен надрилекар во гостиварско Врапчиште

На 08.06.2023 во гостиварско Врапчиште, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Ч.(33) од Република Турција.

При претрес во куќа во содејство со Државен санитарен и здравствен инспекторат, која ја користел како ординација за надрилекарство, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени поголема количина на таблети, медицинска документација, пари и други предмети. Лицето било задржано во полициска станица и по расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.