недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО: Тешка сообраќајка вечерва во Скопје- две деца се пренесени во болница

ФОТО: Тешка сообраќајка вечерва во Скопје- две деца се пренесени во болница

Две деца се тешко повредени откако моторот на кој се возеле се судрил со автомобил, вечерва во Кисела Вода, дознава 24Инфо.

Сообраќајната несреќа се случила околу 23 часот на крстосницата од булевар Борис Трајковски со улица Есенинова.

Според очевидци, двете деца се на возраст од 15 и 13 години и се од Усје. Тие се пренесени во болница.

Полицијата врши увид во моментов.