Во месноста Дебрца на автопатот помеѓу Охрид и Кичево вечерва околу 19 часот и 30 минути се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа најмалку 3 возила.
Забележани се три возила на Брзата помош како заминуваат од местото на несреќата кон Охрид. На лице место има најмалку едно покриено тело на загинат патник во сообраќајната несреќа. Исто така, на лице место се забележани две возила на погребно претпријатие.
Возачите кои вечерва се враќаат по патот Охрид-Кичево кон Скопје се соочуваат со невиден застој на патот и километарска колона, а движењето е речиси никакво. Како што јавува читател на „Слободен шечат“, по патот се вози одвај со 10 километри на час.
Сообраќајот го регулира полицијата и ги пренасочува возилата кон споредните, регионални и помошни патишта. За деталите од оваа несреќа очекуваме соопштение од МВР.
фото: slobodenpecat.mk