Околу 19 часот вечерва на регионалниот пат Стојаково-Богданци, полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица го лишиле од слобода М.С. (63) од Скопје.
Како што информираат од МВР, скопјанецот во товарно моторно возило „ман“ со скопски регистерски таблички превезувал 11 мигранти од Сирија.
-Откако возилото било запрено, од страна на полициските службеници бил воочен бункер меѓу кабината и товарниот дел, каде по детален преглед биле пронајдени мигрантите. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, велат од МВР.