четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО: Возел со 3 промили – санкционирани 78 возачи во Скопје

ФОТО: Возел со 3 промили – санкционирани 78 возачи во Скопје

Во текот на вчерашната вечер (14/15.08.2021) во периодот од 22.00 до 05.00 часот, Секторот за сообраќајни работи при БЈБ со ангажирање на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата и Секторите за внатрешни работи Скопје, Велес, Штип, Куманово и Тетово спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол на територијата на град Скопје, при што констатирани се вкупно 119 сообраќајни прекршоци.

Од нив, за возење под дејство на алкохол санкционирани се 78 возачи, 22 за возење без возачка дозвола, шест за нерегистрани возила, а санкционирани се и други прекршоци. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.