среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО: Запленети 300 парчиња филери, најголем дел за усни – Косовец се обидел да ги прошверцува преку Деве Баир

ФОТО: Запленети 300 парчиња филери, најголем дел за усни – Косовец се обидел да ги прошверцува преку Деве Баир

На граничниот премин Деве Баир царинските службеници спречија обид за криумчарење на 300 парчиња филери REVOLAX, во вредност од 9.000 евра.

-Лицето, инаку косовски државјанин со иницијали А.Г., се обидел да влезе во државата без да ја пријави стоката. На прашањето од царинскиот службеник дали има нешто да пријави истиот одговорил дека нема што да пријави освен личен багаж. При рутинската контрола извршена од страна на царинските службеници во патничкиот куфер и позади задните седишта беа откриени 300 парчиња филери за лице, во најголем дел за усни, чија вредност согласно фактурата која е пронајдена во возилото изнесува 9.000 евра, информираат од Царина.

Стоката и возилото се привремено задржани, а против лицето е поднесена соодветна кривична пријава за криумчарење.