недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ФРЧАТ КАЗНИ: На овој автопат полицијата санкционирала 138 возачи

ФРЧАТ КАЗНИ: На овој автопат полицијата санкционирала 138 возачи

Денеска (11.09.2021) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 138 возила. Од нив, 27 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.