вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Фрчеа казни и вчера: Полицијата санкционираше 296 возачи

Фрчеа казни и вчера: Полицијата санкционираше 296 возачи

Во текот на вчерашниот ден (25.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 296 возачи.

Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 186 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 110 надвор од населено место.