вторник, 9. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Фрчеа казни во Битола и Тетово: Внимавајте, засилените контроли продолжуваат

Фрчеа казни во Битола и Тетово: Внимавајте, засилените контроли продолжуваат

Полициски службеници од СВР Битола денеска спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 63 возачи. 18 санкции се изречени на територија на Битола, 19 на територија на Прилеп…

Исто такаполициски службеници од СВР Тетово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Тетово, при што санкционирани се 128 возачи. Од нив, 60 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а 11 со дури над 70 километри на час над дозволеното. 69 санкции се изречени на територија на Гостивар, а 59 на територија на Тетово.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.