вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Германец со американски пасош пронајден паднат во стан во Скопје, починал во болница

Германец со американски пасош пронајден паднат во стан во Скопје, починал во болница

На 12.02.2023 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ починал И.Д.К.(42) од Сојузна Република Германија, со патна исправа на САД, а со престој во Скопје, информира МВР.

Според пријавеното, тој бил пронајден паднат во станот во кој живеел, по што бил пренесен во болницата, каде што починал.

Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.