сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Ги фатиле на дело – Македонската полиција најде марихуана, кокаин и екстази

Ги фатиле на дело – Македонската полиција најде марихуана, кокаин и екстази

Екстази, кокаин и марихуана пронајдени во три одделни случаи од страна на македонската полиција.

МВР информира дека околу 2:30 часот, во тетовското село Боговиње, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово запреле патничко моторно возило „Рено твинго“ со гостиварски регистарски таблици управувано од 27-годишниот Ш.Ф. од гостиварско Чегране. При преглед пронајдена му е марихуана, поради што е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

Во 22:20 часот, лишени од слобода и во Полициската станица Гостивар задржани се А.А.(21) од гостиварско Чајле, Ф.А.( 20 ) и А.В.(28 ) од Скопје. При нивен преглед, пронајдени и одземени се екстази.

Околу 20 часот, извршиле претрес во куќата на 46-годишниот Ш.А.Г. во гостиварска Долна Бањица. При претресот, реализиран со судска наредба, пронајден е кокаин, марихуана и дробилка. Ш.А.Г. лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар и против него ќе следува соодветен поднесок.