четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Ги нема повеќе од една недела: Исчезнаа две лица- едното од Кочани, другото од Тетово

Ги нема повеќе од една недела: Исчезнаа две лица- едното од Кочани, другото од Тетово

Во Полициската станица Кочани, вчера во 7:40 часот К.Т.(37) пријавил дека од 20 август 2018 година од домот во непознат правец се оддалечила неговата сестра Л.Т.(38). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчера во Секторот за внатрешни работи Тетово, А.М.(41) пријавил дека на 20 август од „Прима-Центар“ во Тетово се оддалечила неговата сопруга С.Џ.(24). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.