На граничен премин „Долно Блаце“, вчера во 11.30 часот, при влез во Р.С.Македонија, од слобода бил лишен Т.M. (51) со место на живеење во Велика Британија поради тоа што при проверки било констатирано дека се наоѓа на Стоп листата со мерка „Апси“ по барање на Интерпол.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за натамошна постапка.