петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ГО ПРОНАШЛЕ ОНЕСВЕСТЕН ВО НЕГОВИОТ АВТОМОБИЛ ВО ЛЕВАТА ЛЕНТА: Хаос на автопатот Гевгелија – Демир Капија, во крвта имал 3,53 промили алкохол!

ГО ПРОНАШЛЕ ОНЕСВЕСТЕН ВО НЕГОВИОТ АВТОМОБИЛ ВО ЛЕВАТА ЛЕНТА: Хаос на автопатот Гевгелија – Демир Капија, во крвта имал 3,53 промили алкохол!

Приведен маж од валандовско поради загрозување на безбедноста во сообраќајот, имал 3.53 промили алкохол во крвта

На 30.10.2023 во 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Б.(45) од село Јосифово, валандовско. Околу 22.00 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, тој со патничко возило „фиат“, со гевгелиски регистарски ознаки, застанал на лентата за престигнување со што ги довел во опасност останатите учесници во сообраќајот.

Тој бил затекнат во неконтактибилна состојба и при укажување помош во Итна медицинска помош Неготино било констатирано дека има 3.53 промили алкохол во крвта, по што биле лишен од слобода.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.