недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Го запреле полицајци, па пред нивни очи си го запалил возилото

Го запреле полицајци, па пред нивни очи си го запалил возилото

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднeсе кривична пријава против О.М. (29) од Крива Паланка, Г.Ѓ.(52) од с.Жидилово и Ј. Ѓ. (22) од с.Жидилово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.

На 13.05.2020 во 11.00 часот во с.Жидилово, кривопаланечко, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка, запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од О.М.(29) од Крива Паланка, а како сопатници биле затекнати лицата Г.Ѓ. од с.Жидилово и Х.С. од Крива Паланка.

При проверка, полициските службеници констатирале неисправности на возилото, по што возачот не ги потпишал документите. Притоа, од возилото излегол сопатникот Г.Ѓ. кој почнал да ги омаловажува полициските службеници и се јавил на ќерка му Ј.Ѓ. да донесе бензин.

Додека полициските службеници влегувале со службеното возило, дошла Ј.Ѓ., која донела шише со бензин, по што О.М. го испрскал внатрешниот дел од возилото и го запалил, а возилото целосно изгорело.