Во заедничка полициска акција на МВР и американската ДЕА запленета е дрога во вредност од 800 илијади евра, а во акцијата уапсени се командирот на ПС Прилеп К.С, како и началник на организиран криминал при БЈБ, дознава Курир од извори во МВР.
За акцијата претходно на социјалната мрежа на Фејсбук објави и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-Во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник. Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот, пишува во својата објава Спасовски.