четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Гори зграда во Тетово, пожарникари со часови се борат со огнените јазли

Избувнал во кровот на зградата, а пожарникарите имат тешкотии со неговото гаснење.
Гори зграда во Тетово, пожарникари со часови се борат со огнените јазли

Уште не е изгаснат пожарот кој избувна околу 16 часот и 30 минути во станбена зграда на улицата „Илинденска“ во Тетово. За среќа, нема повредени, бидејќи станарите на време ги напуштиле домовите.

Избувнал во кровот на зградата, а пожарникарите имат тешкотии со неговото гаснење.

Станарите не знаат кои се причините за пожарот.

Еден од нив, како што изјави, се сомнева на струјата во моторот на лифтот зашто оттаму првично почнало да чади.