Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 49-годишник, на 19 декември, со употреба на сила и закана присилил на обљуба една оштетена. Тој ја однел оштетената во неговата куќа во Гостивар, каде физички ја нападнал со тупаници и клоци и ја принудил на сексуален однос, иако таа цело време давала отпор и се противела. Во еден момент оштетената успела да го оттурне од себе и да избега, а дејствијата на осомничениот ги пријавила во полиција.
Бидејќи ценеше дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и донесе Решение со кое на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.