вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Гостиварец слушал звуци во камионска приколка, полицијата открила мигрант

Гостиварец слушал звуци во камионска приколка, полицијата открила мигрант

Денеска (13.08.2022) во 08.40 часот во СВР Велес К.А.(33) од Гостивар, кој управувал товарно возило „ман“, со гостиварски регистарски ознаки, пријавил дека во товарната приколка од камионот слушнал звуци.

-Полициски службеници од СВР Велес заедно со претставници од Царинската управа веднаш излегле на лице место и во приколката пронашле едно лице мигрант од Мароко, информира МВР.

Лицето е спроведено во Приватно-транзитен центар Винојуг за понатамошна постапка.