понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Гостиварец завршил со лисици на рацете, при претрес му била пронајдена дрога

Гостиварец завршил со лисици на рацете, при претрес му била пронајдена дрога

На 18.09.2021 околу 16.30 часот во с.Градец, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода С.Ш.(25) и В.И.(30) од гостиварско Врапчиште, бидејќи при нивен и преглед на нивното патничко возило „мерцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, била пронајдена марихуана.

Нешто подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во дом и помошни простории на С.Ш., при што била пронајдена и одземена марихуана. Двете лица се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.