Денеска (29 август) околу 10 часот на улица „Светозар Пеповски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 31-годишниот гостиварец А.Н.
Тој се сомничи дека на 26-ти јуни годинава извршил обљуба врз малолетничка, инаку роднина на неговата сопруга.
А.Н. е задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува поднесок.