ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.Ш.(61) во с.Бачишта, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Во периодот од 2021 година до 14.03.2022 пријавениот, како инвеститор на градежен објект кој се изведувал на ул.„Гоце Делчев“ во Кичево, постапил спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган и градбата не била усогласена со одредбите од Законот за градење.