Експлозивна направа-артилериска граната калибар 75мм од Првата светска војна била пронајдена вчера во РЕК Битола.
Случајот во полиција го пријавил Н.Р. (35), одговорен на обезбедувањето во РЕК-Битола.
Од МВР информираат дека бомбата била пронајдена во РЕК-Битола-Термо, на кота 58.
Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување-Битола, пронајдената експлозивна направа била подигната за понатамошна постапка.