На 20.08.2022 во 15.00 часот било пријавено дека во непосредна близина на локалниот пат Ливада-Делогожда-струшко, во штала сопственост на Џ.Ш.(59) од с.Делогожда од удар на гром настанал пожар, при што истата била целосно опожарена.
Во внатрешноста на шталата имало 250 бали јонџа, потоа јачмен, пченица, жито и една приколка со трактор.
Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица-Струга.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.