четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Групна тепачка во обложувалница во Велес

Групна тепачка во обложувалница во Велес
фото илустрација

Во СВР Велес синоќа околу 19 часoт било пријавено дека во обложувалница во Велес, по кратка расправија, настанала физичка пресметка меѓу 50-годишниот М.С. и 42-годишниот А.С. од една страна и 24 -годишниот А.М. и 55-годишниот Е.М. од друга страна.

Како што информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.