На 26.08.2022 во 19:15 часот во Радовиш од полициски службеници од Полициската станица Радовиш бил лишен од слобода З.С.(45) од Радовиш поради тоа што во казино, по претходна расправија со Г.С.(44) од Радовиш, со остар предмет му нанел повреда.
По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.