четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Хаос во Росоман: Почнал да му го удира возилото со шипка па се заканувал со пиштол

Хаос во Росоман: Почнал да му го удира возилото со шипка па се заканувал со пиштол

Околу 13 часот и 30 минути било пријавено дека во село Росоман бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.С.(24) од Скопје и М.Н.(39) од Градско.

Според пријавата, во еден момент М.Н. со шипка почнал да удира по патничкото возило „Сеат Леон“, сопственост на Д.С. во кое биле и И.Д.(23) и П.И.(23), двајцата од Скопје.

Притоа Д.С. со пиштол му се заканил на М.Н. По преземени мерки, двајцата биле приведени во Полициската станица Кавадарци за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.