На 31.07.2021 околу 04:00 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во Итната медицинска помош Македонска Каменица лекарска помош побарал Н.М.(27), кој имал повреда од остар предмет.
По преземени мерки било утврдено дека тој се здобил со повредата при расправија на повеќе лица во викенд куќа во Поточка маала, во с.Тодоровци.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.