СВР Штип поднесе кривична пријава против Ф.З.(30) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 14.06.2021 во Казнено-поправната установа Затвор Штип, затворски службеници кај Ф.З., кој издржувал казна во затворот, пронашле и одзеле хероин и марихуана.