четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Им понудил поткуп на полицајци за да го ослободат, кривична за млад велешанец

Им понудил поткуп на полицајци за да го ослободат, кривична за млад велешанец

Отсекот за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против И.Д.(30) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „давање поткуп“, казниво по член 358 од Кривичниот законик.

На 13.05.2023, тој бил лишен од слобода и при движење кон Полициската станица во Велес на полициските службеници им понудил по 30.000 денари да го ослободат.