петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Инцидент на бензинска во Ѓорче: Не сакал да плати зa наточено гориво, реагирало обезбедувањето

Инцидент на бензинска во Ѓорче: Не сакал да плати зa наточено гориво, реагирало обезбедувањето

Инцидентот се случил вчера напладне на бензинска станица во Ѓорче Петров кога возач со автомобил Шевролет наточил бензин и одбил да си ја плати сметката од 2 000 денари затоа што во објектот не можел да користи и картичка на која собирал поени, пренесува „Република“.

Тоа било причина за расправија на муштеријата со вработените кои заради ситуацијата повикале обезбедување. Возачот без да го подмири долгот излегол од бензиската станицата и влегол во својот автомобил, а кога сакал да го стартува возилото го пресретнало обезбедувањето.

По расправија и со вработените и со обезбедувањето, тој на крајот ја подмирил сметката за горивото кое го наточил.