Со туѓа здравствена книшка непозната жена побарала преглед во амбуланта во Скопје. Вработената во амбулантата ја познавала жената чиј идентитет се обидела да го искористи пациентката, па одбила да и дадат услуга.
Докторите ја предупредиле пациентката дека начинот на кој таа бара преглед е казниво, па настанала вербална расправија. Караницата не завршила, туку пацинтката се обидела физички да се пресмета со медицинарите.
Вработените во амбулантата биле приморани да повикаат обезбедување, по што жената се смирила.