Уште еден штитеник до Домот „Ранка Милановиќ“ исчезна.
Според информациите на полицијата, социјална работничка од домот „Ранка Милановиќ“ завчера во 15:00 часот во СВР Скопје пријавила дека од установата се оддалечил нивниот штитеник К.Д.(14). Тој повеќе пати самоволно се оддалечувал од домот и бил враќан.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.