СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.М.(41) од селото Лешани, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“, „фалсификување знаци за обележување на стоки, мери и тегови“ и „фалсификување службена исправа“.
Тој, на 10.08.2023 на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Климештани, бил затекнат како со товарно моторно возило врши транспорт на огревни дрва кои претходно неовластено ги пресекол, по што извршил нелегално жигосување на дрвната маса и фалсификување на испратница за дрвата и ја прикажал како уредно издаден документ од ЈП „Национални шуми“.