На 21.06.2022 во 00:05 часот во СВР Битола било пријавено дека на патен правец Демир Хисар – Битола, во близина на крстосница за с.Кутретино, 43-годишна пациентка на ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар испаднала од патничко моторно возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на болницата.
Возилото го управувал И.Д.(34) од Демир Хисар, а сопатник била медицинска сестра во установата.
Притоа, пациентката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Демир Хисар.