Осуденик на возраст од 34 години вчера избегал од истражниот затвор во Шутка. Информацијата за бегството на затвореникот ја потврдија и од МВР и директорот на истражниот затвор во Шутка.
Според информации од затворот се работи за осудено лице со либерален третман кој престојувал во полуотвореното одделение и бил ангажиран во затворската кантина. Издржувал казна затвор од три години за нелегална продажба на петарди. Од казната му останувале уште 10 месеци.